Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

50 години од првото слетување на Месечината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
apolo-11-nil-armstrong

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин.

Прв човек кој зачекорил на Месечината на 20 јули 1969 година, е Нил Армстронг кој во таа прилика ја кажал познатата реченица, што звучи моќно и после половина век: „Ова е мал чекор за еден човек, но голем скок за човештвото“.

— реклама —

По него, на Месечината зачекорил и Баз Олдрин додека третиот член на екипажот, Мајкл Колинс, останл во командниот модул, во орбитата на Месечината.

Олдрин заедно со синот на Армстронг, Рик, и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, денеска отпатуваа во Флорида за да ја посетат лансирната рампа од каде започнала мисијата „Аполо 11“.

— реклама —

Агенцијата АП известува дека денес, во пресрет на отворањето на вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, се направила километарска колона од автомобили, а во родниот град на Нил Армстронг Вакапонета во Охајо, речиси 2.000 натпреварувачи учествувале на трката насловена „Трка до Месечината“.

— реклама —

Еден од учесниците во трката, Роберт Роко, изјавил дека луѓето денеска се собираат за да го одбележат, според него, најзначајниот историски настан – слегувањето на Месечината.

„Шеесеттите години беа многу турбулентни времиња, но еден момент беше величенствен“, рекол тој.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп во порака по повод Денот на вселенските истражувања, изјави дека мисијата „Аполо 11“ е еден од најважните моменти во историјата на Америка.

Тој потврди дека во денешно време целта е да се испраќаат астронаути на Месечината во наредните пет години, а потоа следниот голем чекор е испраќање Американци на Марс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања