528 санкционирани возачи во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
radar-policija

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 528 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 56 лица, 56 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 санкционирани мотоциклисти, 85 санкции за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење. Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 83 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања