Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
skopje-zemjotres

Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година  кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и  го претвори  Скопје во урнатина. Овој  датум е врежан во колективната меморија за Скопје  како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.

— реклама —

Одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе започне со положување цвеќиња  во 10 часот на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.

Во 19.30 часот, на Школка во Градски парк, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ ќе започне концертот со кој Град Скопје оваа година го одбележува 26-ти јули, а потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.

— реклама —

Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули. Така, МКЦ го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца коишто ќе започнат во 18:30 часот  за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.

Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од Скопскиот регион.

Утревечер во 19 часот во Градскиот парк на  Школка ќе се одржи и работилница за деца „Обој го Скопје“, инспирирана од боенката „Скопје 091“.

Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас  за подадената рака од хуманите луѓе и за тоа што се направи светот за нас во тие тешки и трагични моменти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања