Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

58-часовен карантин за викенд е предлогот на Комисијата за заразни болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skopje-5

Полицискиот час да трае од 19 часот во сабота, па до вторник, до 5 утрината. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој е доставен до Владата.

„Што е суштината и зошто тоа се предложи - сите овие случаи коишто ги имаме во изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само вака една ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект. Сите други ослободувања од рестрикциите коишто беа најавени за крајот на оваа недела ги оставаме за почетокот на следната недела - значи после викендот. Тука влегува и функционирањето на угостителските објекти, евентуално скратување на полицискиот час, но за сето тоа ќе одлучува Владата, прво во текот на овие денови за викендот, а понатаму за сите мерки од вторник па натаму“, рече министерот Филипче.

— реклама —

Денеска пак Владата треба да донесе одлука по овој предлог.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања