Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

6-ти балкански поетски камп за млади ,,Ванчо Николески”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
IMG_6220

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски птретпладнево во просториите на локалната самоуправа ги прими учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ што започна денес под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа.

— реклама —

Учесниците кои се млади поети од Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Турција утрово беа во просториите на ООУ „Ванчо Николески“по што беше положено цвеќе на вечното почивалиште на Николески во Охрид.

Кампот од Охрид и родното место на Николески, Црвена Вода ќе се пресели во Мала Преспа- Албанија кадешто живеат етнички Македонци. Учесниците ќе бидат гости на своите врсници, ученици во училиштето во Поградец.

— реклама —

Централниот прекуграничен настан е организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, познат литературен деец од Албанија.

— реклама —

Во рамки на настанот младите поети ќе го посетат спомен обележјето на холандскиот писател А. Ден Долард, а поетските работилници ќе ги води поетот проф.д-р Христо Петрески.

Манифестацијата завршува утре и е во организација на Здружението „Мацково“, а под покровителство на Светската академија на поезијата при Унеско со седиште во Верона Италија.

— реклама —

Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржува по шести пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања