Полицијата привела 60-годишен тетовец откако при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Од МВР информираат дека на 16 септември во 18:50 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б. (60) од Тетово.
Материјата била пронајдена при извршениот преглед. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.