Во СВР Скопје било пријавено дека 60-годишен жител на Марино бил донесен со повреди во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Според пријавеното, Т.Н.(60) се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие „Водовод – Илинден“.
Случајот бил пријавен на 26 септември во 8:41 часот, а за настанот бил известен и трудов инспектор.