Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

628 прекршоци за брзо возење за само шест часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarylvack7o1p1soembBNEc
ФБ / МВР

За само шест часа, при засилени сообраќајни контроли спроведени низ цела Македонија, полицијата констатирала 628 прекршоци поврзани со надминување на дозволената брзина.

— реклама —

Контролите биле спроведени на 4 октомври, во периодот од 14 до 20 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, со фокус на возачите кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од вкупниот број прекршоци, 344 биле регистрирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци биле констатирани во населени места.

За сите утврдени прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

— реклама —

Во текот на контролите биле евидентирани и 66 други сообраќајни прекршоци.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат на целата територија на државата, со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот и да се намалат ризиците предизвикани од непочитувањето на ограничувањата на брзината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Уапсени девет возачи: тројца возеле без положен испит, шестмина под дејство на алкохол

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryjh6m9r832b991pMa41k

Несреќа при земјоделски работи кај Прилеп: Жена била повлечена од механизам приклучен на трактор

Македонија | пред 4 часа

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Пожар на градилиште во Скопје, гореле импровизиран објект и контролна табла за кран

Скопје | пред 4 часа

media-libraryh00542jtboe03EHRGhN

Малолетник од Боговиње случајно застрелал 15-годишник во стомакот

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања