Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

63 годишен охриѓанец вратен од Холандија, не ги почитувал мерките за 14-дневна самоизолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
w_55952187

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(63) од Охрид.

На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација.

— реклама —

Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

— реклама —

„СВР Охрид најавува ригорозни мерки за сите граѓани кои не ја почитуваат  мерката „здравствен надзор и домашна изолација“, поточно лицата кои своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишале изјава дека доаѓаат од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус и дека во времетраење од 14 денови ќе останат во домашна самоизолација“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Димоски додава дека зачастуваат и пријавите од граѓаните кои пријавуваат сограѓани кои не ги почитуваат мерките.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања