Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

65-годишен маж дијабетичар, срцев болесник, со вграден пејсмекер и КОВИД 19 од вчера чека во ходници да биде хоспитализиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Со сатурација 80, и во лоша состојба, 65-годишниот Сафет Шакир од вчера чека да биде хоспитализиран поради Ковид – 19. Неговото семејство во неможност да стори било што, се обрати до нашата редакција, со барање за помош, објави А1ОН.

Тие велат дека со часови се префрлани од клиника на клиника, во ковид-центрите, но дека секаде ги одбиваат со образложение дека нема место. Во меѓувреме, Шакир чека во болничкиот ходник на Клиниката за трауматологија, откако претходно бил вратен од Инфективната клиника и од Клиниката за неврологија каде што има ковид-центри.

— реклама —

„Татко ми е дијабетичар, срцев болесник, со вграден пејсмекер и сатурација 80. Од вчера вечерта се обидуваме да го хоспитализираме, но залудно. Избезумени сме. Човекот едвај дише, а со часови седиме во болничкиот ходник, никој ништо не ни кажува, само не препраќаат од клиника до клиника“, вели неговиот син Арет.

— реклама —

Позитивниот тест за Ковид-19 Шакир го добил вчера во приватна болница, од каде рекле дека веднаш му е потребна хоспитализација.

— реклама —

Текстот во целост на: А1ОН

фото: А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања