Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

670 деца за едно полугодие се испишале од училиштата од Македонија, заради СДС се зголемува бројот на иселени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Катастрофалните политики на СДС и Димитар Ковачевски ја празнат Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Драстично расте бројот на иселени млади од државата во потрага по подобар животен стандард и услови. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици, односно 150 деца од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово 180 деца, додека од Тетово заминати се над 200 ученици, од Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца, додека пак 36 ученици се испишале од Кавадарци.

— реклама —

Бројките се фрапантни. Младите единствен спас за подобра иднина гледаат надвор од државата.

Од градиме држава во која младите напредуваат, реториката на СДС треба да гласи носиме штетни политики и забрзано ги иселуваме младите од државата.

— реклама —

Сите истражувања изминатите 6 години откако СДС и ДУИ се на власт покажуваат големо незадоволство и разочараност кај младите. Една од причините е високата партизација во јавната администрација, катастрофалното образование и здравство, како и не можност за личен напредок и развој на младиот човек во Македонија.

— реклама —

Власта не нуди ниту можност, ниту пак креира политики за младите луѓе. Со СДС и ДУИ се поголем број на млади луѓе својот спас го барат надвор од границите. И затоа се потребни промени и предвремени избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања