Промени тема
Контакт

702 паценти со симптоми на ковид-19 се лекуваат во болниците во земјава, слободни места има во речиси сите ковид центри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona5

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 702

Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

— реклама —

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 48 пациент, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 30 позитивни и ковид суспектни пациенти. Во болницата во Струмица лежат 30 пацинети, во Кочани 23, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 11 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

— реклама —

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања