Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(71) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опсанот“.
Имено на 26.02.2019 година во времето од 08,30 до 10,30 на подрачје на Прилеп на место викано „Орушица“, пријавениот, во нива сопственост на истиот, запалил трева, при што од силниот ветер, пожарот се проширил и ја зафатил викенд-куќата и помошната просторија, сопственост на З.А. кои целосно изгореле.