Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

72 санкции за возачи на електрични тротинети и други лесни електрични возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

Вкупно 72 возачи на лесни електрични возила биле санкционирани во текот на вчерашната акциска контрола на МВР, спроведена на територијата на целата држава.

— реклама —

Контролата ја реализирал Секторот за сообраќајни работи при МВР на 13 август, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, со цел санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила.

— реклама —

Најмногу санкции, по 11, биле изречени на подрачјата на СВР Тетово и СВР Битола, додека осум возачи биле санкционирани на подрачјето на СВР Велес, а седум на подрачјето на СВР Куманово. Дополнителни 20 возачи биле санкционирани од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

— реклама —

Во текот на контролата биле констатирани и санкционирани уште 260 различни сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 48 минути

— реклама —
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 53 минути

media-library2ctcg8c896qr9YtHpBA

Девојка пријавила дека била допирана од непознато лице во автобус во Аеродром

Македонија | пред 53 минути

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Малолетник физички нападнат од соученик во скопски Аеродром

Македонија | пред 54 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања