„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

74 aдвокати го обвинија Кривичниот суд дека врши директна повреда на мерките против коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sud-krivicen

Седумдесет и четири адвокати го обвинија Основниот кривичен суд Скопје дека врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Скопје. Адвокатите бараат итно да се преиспита одлуката на претседателот на Кривичниот суд за продолжување на 308 судења.

— реклама —

„Многумина од нас покрај клиентите во овие предмети имаме и континуиран контакт и со други клиенти, така што ги изложуваме на ризик и клиентите и нивните семејства, но и нас самите и нашите семејства“, се наведува во известувањето испратено до Судскиот совет, Врховнот суд, премиерот, министрите за правда, за здравство и за внатрешни работи како и до сите амбасади во Република Северна Македонија

„Доколку се анализира Известувањето кое го објавил Кривичниот суд, во врска со рочиштата кои треба да се одржат во Кривичниот суд Скопје, ќе се забележи дека се работи за вкупно 308 рочишта меѓу кои има предмети со по 10, 15, 20 и повеќе обвинети кои на истите присуствуваат со еден или повеќе бранители, што претставува голем број лица во простории кои не се соодветно опремени, доволно пространи и за кои постојат сомнежи дали и како се дезинфицирани со потребните средства. Имено, судниците ќе бидат

— реклама —

посетени од најмалку 200 лица во еден ден и најмалку од 20 лица во една

судница истовремено“, велат адвокатите.

Во известувањето потпишано од 74 адвокати се наведува дека Кривичниот суд врши директна дискриминација врз нив како бранители и директно се загрозува нивното право на живот>

„Заради таа цел, бараме правото на живот за нас и нашите клиенти да биде третирано со еднаков третман како и за останатите граѓани на Р Северна Македонија, како што тоа го налага член 9 од Уставот на Р Северна Македонија“, се вели во известувањето.

Фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања