Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

76 милиони евра се предвидени за мерки за помош на граѓаните и стопанството“, вели Ристова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Ребалансот на Буџетот кој е во собраниска процедура е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, вели Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

„76 милиони евра се предвидени за нови, прилагодени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството.

— реклама —

Со овој ребаланс зголемени се финансиските средства за плати и надоместоци и тоа на 526 милиони евра, или 554,7 милиони денари, односно над девет милиони евра повеќе во однос на буџетот, донесен пред 6 месеци.

Овие средства ќе се искористат за зголемување на платите во образованието, детската заштита, правосудството, но и кај останатите буџетски корисници чии плати ќе бидат усогласени со растот на минималната плата.

— реклама —

Во време кога светските пазари се соочуваат со недостиг од храна, преку ребалансот одвојуваме дополнителни 50 милиони евра за поддршка на земјоделците и домашното земјоделско производство.

Предвидени се и засилени инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, како и проекти во енергетиката што е особено важно за одржување на економскиот раст.

Ефикасните и навремени политики, придонесоа денес да имаме стабилна економија и ликвиден буџет.

— реклама —

Данокот на добивка во периодот јануари- мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто.

Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година.

— реклама —

Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците.

Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на законски измени што значат поголема поддршка за граѓаните и стопанството“ додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања