На инфективното одделение во Охрид, денеска починала 77 годишна жена од струшкото село Подгорци. Директорот на општата болница Горан Балевски за Скопје 1 вели дека пациентката вчера била донесена со приватно возило, во лоша здравствена состојба, по што веднаш била хоспитализирана. Таа имала пневмонија и бројни коморбидитети, а до сега се лекувала во домашни услови.

Балевски вели дека на пациентката по приемот веднаш и бил земен брис, а истото било направено и по нејзината смрт.
-Се очекуваат резултатите, по што ќе може да информираме од што точно таа починала. – вели диракторот Балевски.

Др. Балевски вели дека охридската општа болница благодарение на добрата организација, личното залагање на поискусните лекари и големата помош од донатори, во моментов располага со доволни количини заштитна опрема на сите одделенија, благодарение на што непречено се одвива работата на сите оддели, а се прават и неопходните операции.
фото: Г Балевски