Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

776 аптеки ќе добијат зголемување на квотите за лекови за 12.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lekovi-apteki

Седумстотини седумдесет и шест приватни здравствени установи-аптеки, со кои Фондот за здравствeнo осигурување во моментов има склучено договор, за месец март 2019 година, ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за лекови, за 12.000 денари.

— реклама —

Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување  подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец. Ова го прави со  цел осигурениците  да може да ги подигнуваат  потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење.

Линеарното зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец март.

— реклама —

Фондот сака да укаже дека еден од условите за зголемување на месечната квота е аптеките да издаваат најмалку 20 отсто лекови за кои осигурениците не треба да доплаќаат.

Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања