„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

80-годишен маж почина во Црна Гора откако беше вакциниран со „астра зенека“, МЗ вели нема доказ дека причина за смртта е вакцината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcini-9

Министерството за здравство на Црна Гора соопшти дека во земјата продолжува вакцинацијата со вакцината на Астра Зенека и дека нема докази дека причината за смртта на еден осумдесетгодишник е вакцината што ја примил претходниот ден.

— реклама —

Комисијата за анализа на несакани ефекти по вакцинирање при Институтот за јавно здравје ја испитува можноста за поврзаност на смртта на 80-годишен пациент со бројни здравствени ризици и придружни болести кои можеле да резултираат со нагла и ненадејна смрт, со вакцинација со Астра Зенека.

Како што е наведено, „засега нема никаква поврзаност со вакцинацијата и додека не се докаже јасна поврзаност, вакцинацијата продолжува“.

— реклама —

Во соопштението од Министерството се додава дека Комисијата на Институтот за јавно здравје смета дека имунизацијата треба да продолжи имајќи ги предвид сите моментално достапни податоци, како и фактот дека откажувањето на програмата би претставувало потенцијален поголем ризик за здравјето на невакцинираните лица поради можно заболување со Ковид-19.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања