Денеска, на 16 избирачки места во општина Центар Жупа 7077 запишани избирачи имаат право да гласаат на Изборите за градоначалник на општината.
Според информациите од општинската изборна комисија, на сите 16 избирачки места гласањето се одвива без проблеми.
До 11 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 8.37%, односно гласале 593 гласачи.