90 пратеници изгласаа покачување на минималната плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sobranie-6

Со 90 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија едногласно ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои минималната плата ќе се покачи од 15 на 18 илјади денари.

— реклама —

Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници да земат покачена плата веќе од април. Во првата година државата ќе ја покрива разликата помеѓу досегашниот и новиот износ на придонеси, за што од Буџетот ќе се издвојат околу 16 милиони евра.

— реклама —

„Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност. Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно. Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел. Сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина“, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања