„А бе соземете се - партија водите, не фолклорно друштво“ - Пецаков удри и по СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
314495213_556026739870678_7890209096260808837_n

Организацијата на СДСМ во Охрид го доведе во прашање греењето во јавниот сектор во градот, на што градоначалникот Кирил Пецаков им порача дека со објавите на социјалните мрежи се однесуваат комично. Тој додава дека му е жал што во претходната објава му посветил време на премиерот Димитар Ковачевски кој има намера да го раскинува договорот за автопатот, бидејќи требало директно да го искоментира однесувањето на владеачката партија.

— реклама —

„НАСЛОВ: „Грејна сезона“. Нешто од прилика како наслов за видео за стенд ап комедија, од рубриката загрижени граѓани...(инстаграм, тик ток , фб и останати социјални мрежи) Веќе ми е криво шо го пишав претходниот пост, требеше директно за оваа јавна прозивка... А бе соземите се партија водите, не фолклорно друштво...( по шо секако не ве биват за водење ДРЖАВА)“, напиша Пецаков.

Пред ова, Пецаков жестоко го искритикува Ковачевски.

— реклама —

pecakov-654

Пецаков по ставот на Ковачевски: Македонија, поненормална власт немала, ама и нема ни да има!

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, ја искоментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој кажа дека не е исклучено да се раскине договорот за автоптот Охрид-Кичево.“За момент ако ја тргниме настрана оваа изјава, би рекол дека Македонија, поненормална власт немала, ама и нема ни да има!!!Битно држите пресови персонализирани, за секоја општина каде што се градоначалници од ВМРО - ДПМНЕ по повод 2 години локална власт, а минимум 10 општини, ПОЕДИНЕЧНО имаат направено повеќе игралишта од Агенција за Млади и Спорт за 6 години(како еден пример)... Толку е постот!! Избори е решението, ИЗБОРИ се спас за Македонија!!!”, пишува Пецаков.Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Охрид, се обрати на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали, при македонсакта Стопанска комора.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања