Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки го искоментира премиерот Димитар Ковачевски кој го брани неговиот законик во Владата, Фатмир Битиќи. Новинарските здруженија го осудија однесувањето на двајцата владини претставници, додека Ковачевски и Битиќи сметаат дека ништо не згрешиле.
„Не смее да му писне на заменикот кој сам го поставил, па уште и го оправдува неговото дрско однесување.
А бре премиере, да сте маж ко што не сте, истиот тој Ваш заменик денеска ќе го разрешевте од должност за непочитување на тоа што сте, не како име и презиме, туку како функција. Да сте биле војска можеби и ќе сте сфателе што е хиерархија и зошто е таа значајна. Ама Вие решивте да Ве боли стомакот. Е вака сега лижете таму каде сите околу Вас плукаат. Срам за Македонија. *Не смее да му писне на заменикот, па ние се чудиме зошто е полтрон и никој однадвор не го зема за сериозно. Не случајно е одбран човек без интегритет за да ги прави националните предавства“, напиша Ковачки.
(Видео) Нова снимка: Обезбедувањето на Битиќи турка новинар, вицепремиерот не сака ни да го сослуша објаснувањето
Арогантното однесување на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи, ја наелектризира јавност и новинарската фела. Во нова снимка, се гледа како новинарот на „Алфа ТВ“, Матеја Петровски се обидува да се дообјасни со Бетиќи во врска со прашањето и му објаснува дека не било националистичко туку поврзано со ДУИ. Но, наместо да го сослуша, Петровски е истуркан од обезбедувањето на вицепремиерот кој пробува да влезе во автомобилот.„Не можете да нѐ оставите нас Албанците“, вели Битиќи додека б
Македонија | пред 2 години
(Видео) Битиќи нервозно напушти, Ковачевски замина без да даде одговори на пресот
Низата прашања кои не добија конкретни одговори ги налутија вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и премиерот Димитар Ковачевски. Двајцата ја напуштија прес-конференцијата. Откако еден од новинарите го праша премиерот што мисли за сценариото највисоките државни функции да ѝ припаднат на ДУИ доколку не бидат успешни претседателските избори, а Битиќи замина.„Во случај на неуспешни претседателски избори, дали сте подготвени да прифатите дека државата останува во рацете на ДУИ со тоа што
Македонија | пред 2 години