Санитарениот инспектор Новица Шуменковски од Охрид со години, без овластување, уништувал огромни количества храна на исти фирми пријавена со поминат рок по што тие барале поврат на данокот за додадена вредност, објави „А1 он“. Оваа пракса траела со години иако ниту бил овластен за тоа ниту има доказ дали храната била расипана и уништена, пишува порталот. Инспекторот Шуменковски правел записници и одобрувал да биде уништена. Извори за „А1 он“ велат дека не постојат докази дека храната била расипана, уште помалку дека била уништена, а постојат сомненија дека била продавана на рака и на црно. Фирмите, пак, врз основа на записниците си добивале пари од државата.
„А1 он“: Инспектор од Охрид уништувал огромни количества храна, а фирмите за тоа барале поврат на ДДВ
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 7 години -
Македонија