АА бара одговорност за коалицијата „Можеме“ што го загрозува здравјето на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Како прво, како и секој граѓанин на нашата земја, се чувствуваме огорчени од негрижата на тие кои се желни за власт, кои не само што го прекршиле законот и ја започнаа кампањата пред време, туку и го загрозија здравјето на стотици граѓани!

— реклама —

Ова неодговорно однесување на претставниците на коалицијата „Можеме“ не смее да помине во тишина и без заслужената казна, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Додека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, истиот за жал им се сервира од оваа коалиција како резултат на нивната неодговорност. Со оглед на тоа дека најголемата партија на оваа коалиција е во владата, а истата е таа што одлучува за мерките и казните на граѓаните, сметаме дека е дискриминација кон граѓаните да го поминат овој скандал во тишина.

— реклама —

Бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, Алијанса за Албанците бара одговорност за таквото однесување. Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата „Можеме“ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и ризикот во кој ги изложи граѓаните.

Жално е што цената на овие однесувања граѓаните мора да ги плаќаат со своето здравје, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања