Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АА бара оставка од министерот за правда поради починатиот затвореник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Со жалење ја добивме веста за смртта на 22 годишникот од населба Арберија Куманово, случај што го шокираше целиот град Куманово, но и пошироко. 22-годишникот почина во затворот на Куманово во околности непознати за јавноста и неговото семејство, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците. Тие во продолжение на истата додаваат:

— реклама —

Алијансата за Албанците огорчена од случајот бара целосна одговорност од надлежните органи, и одговорните лица кои требаше да му дадат прва помош на еден млад затвореник. Во такви околности, дефинитивно мора да се преземе одговорност и јавно да се наведе причината за смртта.

— реклама —

Затворот не треба да биде последна станица на никого, а камоли на еден млад човек кој беше таму да се ресоцијализира и да се реинтегрира за утре, ова општество му понуди живот, а не смрт.

— реклама —

Алијансата за Албанците бара оставка од министерот за правда, директорот и заменик директорот на Затворот, и бараме кривична и морална одговорност за овој случај, доколку им преостана малку морал.

— реклама —

Не треба да се заборави дека ниту еден затвореник не може да биде задржан во затвор без да се потврди неговото / нејзиното целосно здравје, секој затвореник има право да се лекува надвор од затворската ќелија, секој затвореник има право да го продолжи животот во нормални услови кои не го загрозуваат нивното здравје, секој затвореник неспорно треба да има право на здравство како и сите ние надвор од затворот!

Овие фундаментални права на затворениците, брутално продолжуваат да се прекршуваат во затворите на Северна Македонија. Земајќи ги предвид сите овие факти, заклучуваме дека не само затворот во Куманово, туку и секој друг затвор во Македонија, се соочува со мизерни услови, кои завршуваат во смртни случаи.

Условите што предизвикуваат смрт на многу затвореници со текот на годините не поминаа незабележани од меѓународните организации кои во повеќе наврати повикуваа на итна интервенција на властите за подобрување на условите.

Со најголемо жалење ја споделуваме болката со семејството на починатиот, со надеж дека нашата реакција ќе помогне да се расветли случајот, се вели  во реакцијата од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања