Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

АА бара разрешување на техничката министерка Мизрахи за кршење на законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

За кршење на законот и поттикнување говор на омраза од страна на техничката министерка за труд и социјална политика треба да резултира со нејзино разрешување од функцијата министер. Нејзиното однесување е непристојно и навредливо, така што за таквото однесување треба да сноси одговорност, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.

Зборот министер значи слуга и со оглед на тоа што секој министер доаѓа во таа позиција да му служи на народот, истиот мора да се однесува согласно обврската што ја преземаат од моментот на нивното назначување.

— реклама —

Потсетуваме дека албанскиот јазик е јазик чија употреба е загарантирана со закон и устав, кој јазик исто така го зборуваат повеќе од 1/3 од вкупното население во земјата со домородни и историски права.

Алијанса за Албанците остро реагира на однесувањето на техничката министерка која директно го крши законот, додека од друга страна е подготвена да ја плати казната со парите на министерството, заборавајќи дека буџетот на тоа министерство го исполнуваат албанските даночни обврзници чиј јазик министерката се обидува да го негира, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања