Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АА: До кога ДУИ размислува да ги лаже Албанците со истите празни ветувања кои нема намера да ги исполни!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Прес конференција на Алијанса за Албанците. истата ја пренесуваме во целост:

— реклама —

Со години ДУИ ги бара гласовите на Албанците за проекти што дури и не се започнати.  Се чини дека ДУИ се навикна да ги користи истите изборни ветувања во секоја кампања, допирајќи до слабните точки на Албанците за политичка корист, заборавајќи дека народот не заборава!  Нивната платформа за 2014 година вети стотици милиони евра капитални инвестиции. Меѓу овие ветувања, од платформата што ја криеше ДУИ, е и проектот за автопатот Скопје - Блаце. За кој проект ДУИ долго време се фали, но не само што не е започнат воопшто, туку истиот е поништен.  АА го најде документот со кој е поништен овој проект од Бирото за јавни набавки. Според овој документ причина за поништувањето е дека не е поднесена ниту една понуда за изработка на автопатот, или пак не е поднесена ниту една прифатлива понуда.

— реклама —

Ние како Алијанса првото прашање што го поставуваме е: 1. Зошто е поништена постапката за доделување на договор за јавна набавка, додека крајниот рок за пријавување е 29 ноември 2019 година? АА го прашува ДУИ дали овој проект се чува како ветувачка алатка за изборната кампања пред нас? Нереализираните ветувања на ДУИ се во голем број, но денес сме тука за да откриеме само неколку од нив - Во 2014 година беше ветено и отворање на граничниот премин Беланоц-Станчиќ, како и оној на Тануш-Дебелде, но кои се уште се само во почетна фаза.

— реклама —

- Друга капитална и витална инвестиција за албанските населби беше изградбата на филтер станици и водоводни мрежи во Тетово и Липково.  До кога ДУИ размислува да ги лаже Албанците со истите празни ветувања кои нема намера да ги исполни! Ние, АА, денес сме тука за да ги потсетиме Албанците ЗА неисполнетите ветувања на ДУИ.  Ние сме тука да ви кажеме дека Алијанса секогаш ќе биде вистинска алијанса(вистински сојуз)за Албанците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања