Почитувани граѓани, почитувани жители на Гостивар и околина, ви се обраќаме денес од Гостиварската болница за да ви покажеме во каква состојба е болницата во Гостивар, со цел да ја потсетиме Владата и релевантното Министерство за мизерната состојба на болницата. Оттука ја потсетуваме и албанската владејачка партија на какви услови работат вработените во оваа болница, а исто така и какви услуги примаат пациентите од оваа болница, нагласувајќи дека мнозинството се Албанци, велат од Алијанса за Албанците.
Здравствената услуга не значи само персонал на соодветни и стручни лекари, туку и соодветна инфраструктура, како и опрема и инструменти што ќе им овозможина пациентите поточно и побрзо дијагностицирање. За тоа што се случува во оваа болница зборуваат и самите пациенти и сликите кои излегуваат од оваа болница, каде постои страв дека може да се заразите од нечистотијата. Повеќето граѓани на Гостивар се праќаат на лекување во скопските клиники каде знаеме кои се трошоците за нив.
Ја потсетуваме јавноста, но и албанската владејачка партија, владата и Министерот за Здравство, дека во времето кога Арбен Таравари беше министер, проектот за реконструкција на гостиварската болница беше составен дел на Владината програма.
Затоа, денес ги прашуваме тие кои се фалат дека работат и секогаш излегуваат в пресрет на потребите на граѓаните, каде го однесоа и што направиле со овој проект што требаше да ги подобри како условите за пациентите така и на вработените.
Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите донатори, особено албанската дијаспора која никогаш не престана да донира за оваа болница, само за да се ублажи сериозната состојба што постои во оваа болница. Што значи донаторите се грижат повеќеза граѓаните отколку Министерството што парите со кои го полнат нивниот буџетот преку даночните обврзници, се обврзани тие пари да ги вратат преку добрите услуги во јавните установи .
Што се однесува до досегашната работа на градоначалникот Таравари, нема потреба да се зборува многу бидејќи се е на виделина, но сепак вреди да се напоменатнеколку реализирани проекти; 17 км канализација, 12 км Водовод, 11 км асфалтирани патишта, 4 градинки, 14 детски игралишта, 3 современи фудбалски стадиони, 2 центри за кучиња скитници, 2,2 милиони евра исплатен долг за само две години владеење, имајќи ги во предвид сите пречки преку Советот на општината на токму тие луѓе кои денес се жалат дека ништо не е сторено за овие две години. Затоа нагласуваме дека граѓаните не може да се изманипулираат, затоа штосе свесни ги чувствуваат сите овие промени во Гостивар, велат од Алијанса за Албанците.
фото: гостиварпресс.мк