АА: ДУИ ја искористува пандемијата „Ковид 19“ како алатка за предизборна кампања!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19“ за нивните партиски интереси. Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Оваа навредлива практика, со јавното здравје на граѓаните, ја практикуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ, честопати избирајќи или седиште на ДУИ или нејзиното потекло, заборавајќи дека тие како градоначалници треба да бидат во интерес на сите граѓани а не само на нивните гласачи и милитантите на партијата.

— реклама —

Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани.

— реклама —

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат на служба на нивниот рејтинг и на располагање на политичка корист, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања