Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

АА: ДУИ ја тоне правдата со ветувања без реализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

ДУИ секогаш се потпираше на слабите точки на Албанците, користејќи ги како ветувачки алатки во секој изборен циклус. Една од тие точки што ДУИ не успеа да им обезбеди на Албанците 18 години е правдата. И, како тоа не беше доволно, станавме сведоци на разговори што се земени како докази во случаи кои сите луѓе во земјата, и пошироко, ги знаат како монтирани. Разговори кои докажуваат дека оваа партија даде се од себе да не се изгори себеси, жртвувајќи невини луѓе, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Во изборната програма на ДУИ 2016-2020 година, на страница 12 во делот „Правда и владеење на правото“ стои ветувањето за меѓународно набљудување и истрага на монтираните случаи, ветување што до ден денес нема знак за реализација.

— реклама —

Не само што не постои знак на реализација, но за жал истата албанска партија работеше против Албанците за партиски и лични интереси.

Правдата и владеењето на правото изгледа малку веројатно со владејачката ДУИ и билатералните договори за меѓународна правна помош остануваат неостварливи. Имајќи предвид дека од 2016 година нема нов билатерален договор во овој поглед, лесно е да се разбере дека за ДУИ изборната платформа е само ветување без никаква реализација.

— реклама —

Правдата што со години не им се дозволуваше на Албанците ќе биде основа на изборната платформа на Алијансата за Албанците, со реални барања и реализации, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања