Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

АА: Функционерите на ДУИ ја расцветуваат корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Фактот дека државните институции, како што се министерствата и царините, се вклучени меѓу најкорумпираните во земјата, укажува дека работите во земјата не се одвиваат како што треба.  Оваа влада не само што сведочи за нивните неуспеси, туку и сведочи за последиците што ќе ги остават по нивното заминување. Кога заменик-министерот за здравство се вклучи во корупциски скандал, не може да не се очекува Министерството за здравство да се рангира меѓу најкорумпираните во земјата. Кога оваа влада му дозволи на истиот поранешен заменик министер, Асим Муса, да помине без никаква пресуда за кривично дело како што е примање мито, истиот е вработен на Клиниката за урологија значи дека со ваквото постапување корупцијата ќе продолжи, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Нема шанси цариниците да не бидат меѓу најкорумпираните, кога неодамна беа вмешани во скандал со пратеникот Артан Груби кршејќи ги сите правила на Кодексот за однесување.

— реклама —

Не е можно Министерството за Внатрешни Работи да не се наведи како една од најкорумпираните кога за многу краток временски период беа поднесени повеќе од 1000 иницијативи за сомнителни корупциски афери.

Овој ланец на корупција и злоупотреба на службената должност продолжува и во Министерството за Труд и Социјална Политика и истиот не завршува тука, истражувањата покажуваат дека корупцијата цвета во многу други државни институции и не се преземаат сериозни мерки.

— реклама —

Алијанса за Албанците смета дека подигнувањето на човековата свест за случаите на корупција треба да се направи со подобрување на Законот за заштита на укажувачите, како и со подигање на свеста за последиците од корупцијата, така што повеќе да не се смета како награда за извршената работа, туку сериозна злоупотреба на службената позиција.

Корупцијата е многу сложена област, а не казнувањето на високи функционери не само што поттикнува корупција на пониско ниво, туку е и индикатор за недостиг на правдата во земјата.

Граѓаните заслужуваат да бидат вработени врз основа на нивните вештини и способности, а не врз парите што тие треба да ги дадат, додека пак услугите што ги добиваат од јавни и приватни институции, да ги добијат во рамките на законот, заради тоа Алијансата за Албанците бара од надлежните органи да преземат итни и конкретни мерки за нивно спречување. Инаку прикривање на случаите на корупција, нивната оправданост и несоодветно казнување ќе прави корупцијата во земјата да расте се повеќе, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања