Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АА обвини дека власта манипулира со вработувањето на Албанци и Роми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Документот што ќе ви го претставиме денес е доказ за манипулација.  Иако во јавниот оглас за вработување во Специјализираната болница „13 Ноември“ се вели дека вработените треба да бидат Албанци и Роми, во одлуката на истата болница за примените кандидати стојат имиња од македонска националност. Ние како Алијанса за Албанците разбираме дека

— реклама —

ова е метод што го користи оваа влада за манипулирање со бројките на албанските вработени, како и на другите националности, затоа што тие лесно излегуваат утре и велат дека во болницата или каде било друго, има вработени Албанци и Роми, бидејќи во одлуката така и пишува.  Томислав Јанкуловски, Албанец и Влатко Калчиноски, Ром, реагира Алијансата за Албанците.

— реклама —

— реклама —

Споменатиот „Балансер“ е електронска алатка, така што го внесува  бројот на албански вработени, а не нивните имиња и презимиња за да се идентификува дали се навистина Албанци или не. Оваа методологија позната како балансер e создадена од претходната  влада на ВМРО-ДУИ, со идејата да се зачува застапеноста на Албанците во државната и јавната администрација, но всушност балансерот е пречка за зголемување на бројот на Албанците во администрацијата.

— реклама —

Балансерот е практично механизам за одржување на статус кво и дискриминаторската позиција во јавната и државната администрација.Ние како Алијанса за Албанците остро реагираме на ваквите манипулации и бараме одговорност за овој и за сите други случаи на ваква манипулација.

Од ова се сомневаме во која било шифра што го покажува бројот на албански вработени на државно ниво затоа што сметаме дека е невистинита, и врз основа на овој документ е едноставно наредна манипулација на оваа влада.

Алијанса за Албанците, го третира овој проблем и во изборната програма за изборите на 12 април и очекуваме во следниот парламентарен состав да иницираме измена на законот за државни службеници со кој ќе се укине оваа методологија позната како балансер. Затоа што сметаме дека тоа е дискриминаторски метод за Албанците.

Го потсетуваме министерот Манчевски дека точно во неговото министерство репрезентацијата на Албанците е под 20%, реагира Алијансата за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања