Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

АА: Селективната медиумска помош е неуспешен обид на владата за злоупотреба на изборната кампања!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

alijansa-za-albancite

Алијансата за Албанците во целост го поддржува најавениот штрајк на регионалните и локалните телевизии, поради неправедниот третман на владата кон нив. Овој третман докажува уште еднаш за оваа дискриминаторска влада, која дури и во состојба на криза прави разлика за одредени цели, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Со оглед на тоа што Северна Македонија е рангирана и како земја на која и се потребни реформи во медиумите каде недостасува нивната слобода, ние веруваме дека ваквиот третман е стратегија на владата да влијае на слободата на изразување. Од друга страна, знаеме дека слободата на изразување е исто така многу важен критериум за демократијата и интеграцијата на земјата во ЕУ.

— реклама —

Секој медиум даде огромен придонес за информирање и подигање на јавната свест за кризата со која се соочуваме. Нивната улога во вакви ситуации е многу важна, а земајќи в предвид дека новинарите и медиумските работници постојано беа изложени на директен ризик од вирусот, секој мора да добие соодветна награда.

— реклама —

Без медиуми и соодветно информирање, никој не би ја разбрал важноста на ситуацијата, затоа апелираме до Владата да донесе уредба со кој сите радиодифузери ќе добијат еднаква помош и поддршка.

— реклама —

Исто така, цениме дека владата продолжува да биде подмолна во распределбата и трошењето на јавните пари за справување со кризата, затоа уште еднаш ја замолуваме Владата за транспарентност во овој поглед, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

 

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања