Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АА: Северна Македонија отворено нуди селективна и еднострана правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Сега веќе се знае дека во РСМ има два вида правда, поточно неправда. Првата е кога станува збор за судење на обичен Албанец и за жал има стотици вакви случаи кога Албанците се судени, осудени и задржани во затвор за дела што никогаш не ги сториле, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.

— реклама —

И втората е еднострана „правда“ со која играат разни игри, само за да се спасат корумпираните политичари кои ја крадат државата и ја втурнаа истата во долгови кои ја загрозуваат иднината на нашата земја.

— реклама —

— реклама —

Конкретен случај е кривична постапка поднесена противЉуљзим Алити, член на Алијансата за Албанците, кој се обвинува за споделување на прислушуваните материјали познати како „бомби“, бидејќи се смета за кривично дело.

— реклама —

На ист начин постапи и потпретседателот на СДСМ, Мухамет Зекири, којна својот фејсбук профил објави материјал од прислушуваните разговори на поранешниот министер Блерим Беџети, но против него никој не покрена кривична постапка.

Бараме од правосудните тела да ги третираат граѓаните на ист начин без разлика дали се на власт или во опозиција, Македонци или Албанци, затоа што сите ние сме еднакви пред законот и ни тоа право ни е исто така гарантиранаспоред Европската Конвенција за Човекови Права. .

Доста често се соочувавме со селективна правда, што ги фаворизира „владетелите„ и ги казнува тие што со нивниот глас ве легитимираат вас, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања