Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

АА: Владата да и го одземе правото за управување на  компанијата ЕЛЕМ на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците ги реактуализира предлозите за Попова Шапка Алијанса за Албанците, и покрај фактот дека минатата година нејзините  барања не беа земени во предвид, во врска со Попова Шапка, годинава повторно ги адресира следните барања до надлежните органи, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

1) Владата, со своја одлука, да и го одземе правото за управување на  компанијата ЕЛЕМ, за да оваа компанија нема право на сопственост и управување на Попова Шапка.

2) Владата треба да формира Управен Совет, составен од: 3 члена од владата, 3 члена од општина Тетово и 3 стручни членови од областа на туризмот. Од Управниот борд да биде избран директорот за управување со Попова Шапка.

— реклама —

3) Владата треба да одвои ургентен буџет за функционирање на Управниот совет и вработените кои се вработени на неопределено време.

4) При стекнувањето на средствата и активностите на Попова Шапка да им се даде приоритет на тетовските фирми и инвеститори.

— реклама —

Алијансата за Албанците смета дека овие барања ќе донесат позитивни промени во оваа туристичка област, од кои ќе има корист не само локалниот туризам, туку и туризмот на пошироко ниво.

— реклама —

Нагласуваме дека туризмот во оваа област драстично се намалува секоја година. Од друга страна, треба да се забележи дека приходите од туризам заземаат значајно место со значителен удел во вкупните бруто приходи.Природната привлечност на Шар Планина, комуникативно-географската положба и климатските вредности се некои од многуте други позитивни причини кои ја зголемуваат потребата да се преземат мерки за подобрување на состојбата во ова област, додаваат во соопштението од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања