Хибридниот режим Ахмети-Заев-Мијалков и последните денови од своето владеење ги користи за помилување на криминалците. Министерот за (не) правда именуван од оваа Влада, Бојан Маричич, предложил до претседателската комисија за помилување да му се скрати (помилува) останатиот дел од казната затвор на Сеад Кочан, соработникот на поранешниот Премиер Никола Груевски, велат од Алијанса за Албанците.
„Овој режим којшто дојде во име на правдата, со трубење на пароли за борба против криминалот и корупцијата, ќе се памети само по помилувања, бегства, амнестирања и пуштање на слобода на криминалци и корумпирани.
Меѓу иконите на овој режим ќе останат во сеќавање и Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева коишто беа главните актери во рушењето на Специјалното обвинителство, со цел да ги спасат криминалците воопшто, а посебно тие на ДУИ. Некои од нив сега веќе се и блиски соработници на овој хибриден режим.
Како последица на оваа соработка со криминалот и корупцијата, граѓаните денес остануваат изолирани, без европска перспектива и во длабока економска криза.