Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АА: Застарените дела не треба да служат како можност за одбегнување на одговорноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Неодговорноста, лагите и манипулациите се идентификациони зборови на ДУИ кои сè повеќе ги придружуваат високи партиски функционери на оваа партија. Ова беше докажано уште еднаш со тоа што осомничениот за случајот „Титаник III“, пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, одби да сведочи на суд.

— реклама —

По 3 години, Ејуп Алими се сеќава дека не треба да биде повикан како осомничен, туку како сведок. Ова само докажува дека Ејуп Алим дошол до оваа идеја како начин за избегнување на одговорноста и одолговлекување на случајот, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Ние како АА бараме од судските органи да реагираат и да не дозволат овој случај, или пак било кој друг случај во кој се гонат поранешни државни функционери да застари, како што беше случајот со предметот „Траекторија“ од кој се спаси поранешниот премиер Никола Груевски.

— реклама —

Алијанса за Албанците смета дека застареноста е многу важен правен институт што спречува гонење, како и извршување на кривични санкции по одреден временски период, затоа треба да се спречи неговата употреба како можност за избегнување од одговорност.

— реклама —

Затоа, јавно го прашуваме Ејуп Алим, зошто тој порано не се сети дека беше повикан како осомничен а не сведок?!

Избегнувањето на одговорноста може да ја спречат само судските органи, кои се должни да постапат по секој случај непристрасно и сериозно, спречувајќи ги неразумните одолговлекувања.

Потсетуваме дека Ејуп Алими е обвинет за уништување изборен материјал во врска со локалните избори во 2013 година во општина Чаир,за кој случај според КЗ се предвидени најмалку 5 години затвор.Од оваа гледна точка сметаме дека случајот се одложува со единствена цел за купување време, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања