Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

АА: Здравствениот систем е надвор од контрола, случајот со бремената жена од Дебар уште еден доказ за тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-Struga

Случајот со бремената жена од Дебар, која се лекува во Општата болница во Струга, докажува дека здравствената состојба во Северна Македонија е тешка и е надвор од контрола. Според сведочењето на сопругот, има многу неправилности, и професионално и етички, кои се поврзани со корупција, непрофесионалност и непочитување на медицинските протоколи што предизвикале непоправливи последици врз здравјето на пациентката, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Во продолжение на истот од АА додаваат:

Загрижувачки е и фактот дека надлежните органи играат улога на глувонеми и ја продолжуваат играта на одбрана на недопирливите или партиските војници. Иако поминаа 4 месеци, сè уште нема епилог од овој настан со сериозни последици, што покажува неспособност на системот и комплицираните лавиринти за постигнување на правда, за што зборува и ветува владата, а жртвите на неспроведувањето се обичните граѓани на оваа држава, која сè уште се влече по бесконечниот пат на транзиција.

— реклама —

Во ноември минатата година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил инспекција и ја прогласи нивната институција за ненадлежна, за да побара стручен надзор и да ги пренесе надлежностите на Комората на лекари и Министерството за здравство, кои до денес немаат не ја земале во предвид предметната институција.

Алијансата за Албанците итно бара Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот и да го процесираат предметниот случај, така што семејството од Дебар ќе ја разбере вистината и да се надомести за тоа што е непоправливо - здравјето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања