Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

АА: Земањето лекови со лични карти и физичко присуство на пациентот, е апсурдно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Известувањето кое денес беше објавено од страна на Фондот за здравство на Република Северна Македонија во врска со земањето лекови од аптеки каде покрај рецептот треба и документ за идентификација и физичко присуство на пациентот, како и враќање на старите здравствени книшки е еден од составните елементи на неспособноста и незнаењето што ја карактеризира оваа Влада, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Фондот за здравство е втурнат во вициозен круг на потфрлувања, и наместо да размислува за поедноставување и олеснување на постапките, со оваа мерка го оптоваруваат пациентот со работи кои во праксата се апсурдни.

Алијансата за Албанците смета дека ваквите уредби се во спротивност со развојните трендови на земјите од ЕУ чиј дел се стремиме да станеме.

— реклама —

Оваа апсурдна мерка и задава удар на медицинската дејност, оставајќи го на втор план пациентот и неговата болест, бидејќи времето потребно за запишување на терапијата во книшката, здравствената картичка и регистарот е двојно поголемо од анамнезата и прегледот на пациентот.

— реклама —

Според анализите на Одделението за здравство при Алијансата за Албанците, сметаме дека електронските картички кои на граѓаните им направија дополнителни трошоци, се решението и потребата на пациентот, докторот и фармацевтот, затоа што со заеднички софтвер се заштедува време, хартија, тонер, при што како лекарот така и пациентот добиваат комотност.

Ваквата мерка за присуство на пациентот со лична идентификација и рецепт, се судира со правата на пациентот затоа што му задава удар на контингентот пациенти кои немаат физичка и психичка можност да го земат лекот.

— реклама —

Имајќи ги предвид овие аргументи од една страна и апсурдноста што овие уредби можат да бидат практични и функционални за здравствениот систем, го покануваме министерот и Фондот да ги повлечат овие барања и да започнат да размислуваат за проширување на позитивната листа на лекови, зголемување на коефициентот и креирање политики за одржување на лекарите во земјава, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања