Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

АА: Зошто корумпираните и инкриминираните од ДУИ заштитени се како ,,бели мечки" !

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Почитуван вицепремиер за евроинтеграции, со целиот ваш медиумски ентузијазам да зборувате за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција, случајот за кој вие сте осомничени е наречен “Пациент“, исто како и називите ,,Рекет" , Империја, Маѓар Телеком, Титаник, Тврдина, итн. и ова прашање никогаш не се отвори затоа што вие и вашиот субјект имате политичко влијание за да се постаупа и да се води истрага само за случаи во рамките на рокот согласно Законот за специјалното јавно обвинителство, се вели во реакцијата на Алијанса на Албанците.

— реклама —

И прашањето е, што зборуваме за довербата во владеењето на правото, за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција?

— реклама —

Вашиот политички субјект - ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем.

На јавноста и се свежи сеќавањата дека како Министерство за правда, заедно со функционери на ВМРО, го зазедовте Судот, Главниот обвинител, и оваа инсталација направи да инкриминирани функционери бидат заштитени од криминалот, и за жал тоа навистина се случува затоа што досега не се изведени пред лицето на правдата и немаме судска одлука за ниту еден функционер на ДУИ или пак нема индикации или сомневања за криминал и корупција за нивни поранешни функционери.

— реклама —

Значи, ова е вистината зошто криминалците од ДУИ се заштитени од правда за нивниот криминал и се недостапни од правната држава, моќ која за жал за функционерите на ДУИ не постои.

— реклама —

И, на крајот, да одговориме на вашиот цинизам: без разлика дали сме мала или голема опозициска партија, бидете трпеливи до денот на парламентарните избори, од кои вашиот субјект се плаши и во никој случај не сака тие да се одржат, се вели во реакцијата на Алијанса на Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања