Пејачот Аца Лукас си ја отвори душата за зависноста од коцкање, но и за помалку познати детали од неговиот живот.
Тој во својата исповед за Република вели дека повторно да се роди, се би направил исто. Не крие дека користел опијати, посетувал бордели, но и дека на коцка изгубил повеќе од 70 милиони долари. Како што самиот вели, се што се коцкало било негово, се заработил сам, ги обезбедил децата, за да не жали за ништо, туку со насмевка продолжува да влегува во казината, каде што некогаш добива, а некогаш губи.
„Има еден сајт кој правеше студии за тоа колку ВИП личностите на Балканот потрошиле на коцкање, па јас сум тука вклучен. Таму пишува дека има некој Аца Лукас од Србија, кој потрошл 70 милиони долари на коцкање. Морам да ви кажам дека тие скоро, па погодија. Не се каам. Никогаш во животот не жалам за тоа. Би зажалил што направив некои клучни грешки. Да се убиев, ќе значеше дека се каам, но еве ме жив сум - вели Аца за Република и објаснува дека еднаш пресметал колку изгубил на коцка, и дека тоа е сумата што можел да купи една белградска населба:
„Некои ми велат „Си прокоцкал стан во Белград“. Човеку, камо среќа само да прокоцкав стан. Прокоцкав цела белградска населба. Една дебела населба, најскапата. Ама добро, што ќе правиш, јас сум. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се што им треба“, додаде тој.
По ова Аца се осврна на инцидентите кои му се случиле за време на настапот, па признал дека неговото обезбедување морало да ги тргне или да ги тепа момците кои сакале да се качат на бината.
„Никој никогаш не ме нападнал, никогаш не сум бил тепан на настап. Тие се обидуваа да скокнат на сцената. Моето обезбедување се справува на лице место. Не знам како сè уште не сум го доживеал тој фронтален напад на медиумите, како што го доживеале некои уметници кога некој ќе скокне на сцената, па испаѓа дека имаат насилно обезбедување. Кај мене никој не може да се качи на сцената. Го симнуваат од бината, понекогаш го фрлаат, некој добива ќотек. Се зависи од отпорот. Бев нападнат, ранет, но тоа нема врска со настапот, нема врска ниту со музиката“, вели Лукас.