Ацева: Целосно реконструирана улица Востаничка во Кисела Вода, обновена е и водоводната мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

И покрај пандемијата со коронавирусот, СДСМ континуирано работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти во Градот Скопје.  Посветениот и плански пристап на локалната власт во Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов му дава на Градот нов, урбан лик, со постојан развој и инфраструктурно уредување, истакна Бојана Ацева, советничка на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода.

— реклама —

Ацева додава:

— реклама —

Се наоѓаме на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, чија реконструкција се изврши на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките.

— реклама —

Истовремено, на улицата Востаничка беше обновена и водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.

Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа реконструирани минатата година.

СДСМ како на локално така и на централно ниво постојано работи и вложува во упаредувањето на патната инфрастурктура. Обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај за сите граѓани.

Во период што предстои посветено продолжуваме да вложуваме во развојот на инфраструктурата во општина Кисела Вода и Град Скопје.

Градиме по план во интерес на сите граѓани. работиме уште повеќе за да биде уште подобро, истакна советничката на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања