Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Ацевски: Растот на БДП од 4.1% е потврда за успешните економски политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Растот на економијата, на БДП, во првиот квартал од 2019 година изнесува 4,1 отсто. Ова е најголем раст на бруто домашниот производ во последните неколку години. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ дваат реални, позитивни резултати, економијата е во нагорна линија. За споредба, во вториот квартал од 2017 година, односно последните два месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто, истакна Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Денес, безмалку две години подоцна, имаме значителен раст од 4,1 отсто.

— реклама —

Со оваа изразита разлика паѓаат во вода сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека навно нема напредок во економијата. Toa е математички прецизна разлика која потврдува дека Христијан Мицкоски нема елементарно познавање од економија.

— реклама —

За само 2 години, од заробена, изолирана и задолжена држава, имаме силна економија која нуди шанса за сите, станавме светол пример во регионот.

— реклама —

Очекуваме ваквиот тренд дополнително да се интензивира во наредиот период. Успешните економски политики, полноправното членство во НАТО и доближувањето кон ЕУ значително позитивно ќе влијаат на дополнително засилување на економијата. Остануваме силно посветени во реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, поголеми плати и повисок економски стандард за сите граѓани, истакна Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања