Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ацевски: Снимката на Ел Чека докажува дека Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_2905-696x449

Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и  безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела. Тие ли најдоа да зборуваат за Мартин Нешковски?, изјави денеска Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ, по повод снимката која беше објавена од Ел Чека, а која го содржи целиот разговор од 12 минути кои го воделе Никола Груевски и Гордана Јанкуловска по убиството на Мартин Нешковски.

— реклама —
— реклама —

-Да не бевте вие, новинарите, убиството ќе останеше скриено до крај. Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска? Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае. Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување! Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски! – рече Ацевски

— реклама —

Според него, Груевски во снимката зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува.

-Урко е разрешен дури 3.5 години подоцна. Обезбедувањето на Никола Груевски кој беше дел од неговата партиска полиција уби млад човек. Неговата министерка го криеше убиството. Нивниот портпарол на МВР криеше убиство. Груевски ангажирал да го штитат луѓе кои убиваат. Јасно е.  Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денеска не научија, дека од вистината и од одговороноста бегање нема! Никола Груевски ќе се соочи со казната – порача Ацевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања