АД Елем: Охридското Езеро е 17 сантиметри над долната граница, понудивме пумпи за Студенчишкото блато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал, АД Елем информира дека како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на езерото во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17см над долната граница според дозволата, односно 10см според мерната скала на Хидрометеоролошки завод.

— реклама —

Испустот на вода преку регулациониот отвор од Охридското езеро во реката Црн Дрим е на минимално ниво, кое што е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, а која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината.

— реклама —

За да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислорот на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена“, стои во соопштението

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања