Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

АД ЕСМ: Сите набавки се направени на транспарентен начин во согласност со законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

АД ЕСМ потпиша договор за рамковна спогодба за јавна набавка за сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во подружницата „Енергетика Скопје“ со економскиот оператор „Спектартермо“ ДОО Скопје.


— реклама —

„Компанијата ‘Спектартермо’ е единствена компанија што има лиценца за извршување ваква дејност. Официјална лиценца претходно имала компанијата ‘Флекспауер’, но годинава им е одземена лиценцата од производителот и ѝ е дадена на нова компанија“, велат од компанијата.

— реклама —


Појаснуваат дека во согласност со Законот за јавните набавки, кога се работи со преговарање, а се преговара само и единствено со компании што се овластени и единствени за вршење одредена дејност, АД ЕСМ продолжува со преговорите со оние што ја имале лиценцата, во овој случај се работи за компанијата „Спектартермо“, која е единствена која има лиценца за вршење оваа дејност.

— реклама —

Јавната набавка е спроведена во согласност со Законот за јавните набавки и Бирото за јавни набавки, децидни се од АД ЕСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања