Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

АД „Макотекс“ го продаде хотелот во „Лагадин“ за 609.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
makoteks-hotel34

Акционерското друштво „Макотекс“ на официјалната страна на Македонска берза објави дека е извршена продажба на хотелот кој се наоѓа во населбата „Лагадин“, а новиот сопственик е „Монтенегрин-Инн“ од Охрид.

Како што стои во соопштението на друштвото, ова е во согласност со глава VI од Правилата за котација, при што известуваат дека е извршена продажба/отуѓување на недвижен имот во сопственост на друштвото (објект и земјиште), кој се наоѓа во населба „Лагадин“, имотен лист бр.293 за КО Елшани, на купувачот Трговското друштво за поредување, трговија и услуги „Монтенегрин-Инн“ увоз-извоз ДООЕЛ Охрид, јави Слободен Печат.

— реклама —

Според договорот, купопродажната цена изнесува 609.000 евра, во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на плаќањето, со вклучен данок на додадена вредност, при што данокот на промет со недвижности го плаќа купувачот.

Сметководствената вредност на недвижниот имот на ден 31.12.2018 година (период на последни ревидирани финансиски извештаи), претставува 12,2261% од вкупните средства (книговодствената вредност на имотот) на друштвото.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања