Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

АД „Пошта“ и Халк банка ќе потпишат договор за соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
posta

АД „Пошта на Северна Македонија“ и Халк банка АД Скопје денеска ќе ги потпишат договорот за соработка и договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во Пошта.

— реклама —

Договорите ќе ги потпишат генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши.

— реклама —

Директорот на АД „Пошта“, Макрадули, неодамна најави дека очекува од 1 март следната година граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во поштенските филијали низ земјава, како што беше пред пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје.

— реклама —

Владата на 7 овој месец ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје за соработка со АД „Пошта“ согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Северна Македонија“ со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања