Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Адеми: Ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки и во септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
24032020_MON_Ademi_pres-konferencija-1

Учебната 2019/2020 година ќе заврши со онлајн-настава согласно со одлуката на Владата учениците да не се враќаат во клупите до 10 јуни. Министерот за образование и наука Арбер Адеми е задоволен од преземените мерки со кои се овозможи непрекината настава во услови на пандемија, кои беа и правно регулирани со донесените уредби со законска сила. Во интервју за МИА Адеми вели дека се максимално посветени и се разговара за прашања како би постапиле ако се соочиме со исти или полоши околности од септември, на почетокот на наредната учебна година.

-Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, рече Адеми.

— реклама —

За претстојните испити во јунската сесија вели дека ги оставаат универзитетите сами да оценат и изберат дали на нивните факултети има услови за организирање испити со физичко присуство на студентите, притоа доследно да ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.

— реклама —

– Намерно им оставивме флексибилност на универзитетите, базирајќи се и на нивната автономија. Силно веруваме дека секој универзитет, секоја единица, академската заедница, ќе пристапи одговорно кон ова прашање, додава Адеми.

— реклама —

Во интервјуто за МИА министерот соопшти дека деновиве на владините седници ќе се разгледува Предлог-одлуката за уписите за високо образование, треба да се прецизира уредбата за доделување ваучери за ученици и студенти од третиот пакет мерки од КОВИД-програмата на Владата (Уредбата за платежната картичка беше усвоена завчера), а за претстојните уписи во средните училишта рече дека ќе нема одложување на роковите утврдени во Конкурсот, но дека за спроведувањето на уписите се подготвени протоколи со мерки за заштита, исто како и протоколи за испитите што ќе се организираат на високообразовните установи.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања